Бурмите и веренечките прстени се носат на домалиот прстен, а во зависност од верската припадност тие се носат на лева или на десна рака
Обичајот на носење на венчалниот прстен на лева рака потекнува од грчкото и римското верување дека посебната „вена на љубовта“ тече директно од домалиот прст до срцето, самиот центар на љубовта и страста. Иако подоцна научно е докажано дека тој прст ништо не е поинаков од другите, остана верувањето за „veni amoris“. Во христијанската традиција десната страна се смета за „вистинска страна“, па христијаните бурмата ја носат на десната рака. Но, таа се носи на домалиот прст поради „veni amoris“.
И муслиманите бурмата ја носат на десна рака, додека евреите за време на венчавката венчалниот престен го ставаат на десна рака, а потоа го префрлаат на левата. Веренечкиот прстен датира од 13 век од Рим, кога христијаните ја прифатија традицијата откако папата Инокентиј Трети прогласи задолжителен период на чекање меѓу веридбата и бракот. Тогашните прстени биле многу едноставни, од железо, а подоцна се правени од злато. Австрискиот надвојвода Максимилијан во историјата е познат како првиот човек која на својата идна сопруга и подарил дијамантски прстен во 1477 година.
Но, дијамантските прстени се прошириле кај „обичните луѓе“ по масовниот маркетинг што во 1930 година го покрена компанијата „Де Берс“. Во доцните 40-ти години од минатиот век настана мотото „дијамантите се вечни“.