Еден од вообичаените ритуали е оној кога невестата го фрла бидермаерот преку рамото при склучувањето на бракот. Се верува дека девојката која ќе го фати бидермаерот ќе има среќа во љубовта и дека брзо ќе се омажи.
Корените на овој обичај потекнуваат од далечното минато кога се верувало дека невестата носи среќа, што всушност вистина е и денеска, но не во такви размери. Во средновековна Ангија, венчаниците не биле така скапи како денеска и се сметало дека венчаницата им носи среќа на немажените девојки, за така немажените гостинки почнувале да и го кинат фустанот на невестата, со надеж дека наскоро ќе се омажат.
За невестите да ги избегнат допирите со гостите и кинење на венчаницата тие ги фрлале подвезиците. Меѓутоа подоцна подвезиците се заменети со букети цвеќе. Симболиката била убава зошто цвеќето означува плодност во речиси сите култури.
Благодарение на овој итар трик, допирањето на младата невеста и нејзината веначаница исчезнало.