Едномесечниот зелен картон е добредојден во секое време, особено во периодот на летната туристичка сезона.
Тој им оди во полза на сите кои патуваат во странство за време на летните одмори.
Осигурителните компании од пред некоја година почнаа да издаваат едномесечни зелени картони. Цената изнесува од 30 до 50 евра. Тие велат дека тој ги намалува трошоците на граѓаните.
И натаму останува да важи зелениот картон на годишно ниво. Чини од 60 до 90 евра во зависност од моќноста на возилото.
До септември 2011 македонските граѓани имаа можност да извадат зелен картон за 1,3,6 и 12 месеци. Цената за еден месец чинеше 40 евра, а за една година 150 евра.