Постојат многу начини на кои вредните и добрите вработени можат да се најдат во ситуација да бидат отпуштени од работа. Праксата покажува дека искрените и наивни грешки имаат сериозни последици.
Едно неодамнешно истражување спроведено на повеќе од 300 ИТ компании покажа дека дури третина од отпуштањата се предизвикани од злоупотреба на технологијата која е во сопственост на компанијата. Компаниите се толку загрижени за приватноста за корисниците што дури 45 проценти сметаат дека вршат некаков вид надзор над своите корисници.
Според тоа, излезе дека голем број компании отпуштаат луѓе што пишуваат за компанијата на социјалните мрежи, откриваат доверливи информации и објавуваат недозволени информации на интернет, пренесува Бизнис Пулс.
Но, и покрај сите овие оправдани причини, има и добри вработени кои се отпуштаат и покрај тоа што немале лоши намери. Ова се некои од најчестите причини за тоа:
- Ветувате премногу, а испорачувате премалку
- Ширите негативна енергија
- Недостаток на емоционална интелигенција
- Неовластена употреба и земање материјали