MamaLoes е првата компанија во Холандија која започна да вработува кандидати без да бара кратка биографија и мотивациско писмо.
Се работи за еден нов концепт наречен отворено вработување каде што луѓето кои сакаат да работат треба да ги остават само своите лични податоци за контакт и да чекаат повик.
Идните вработени не пополнуваат никакви прашалници и не одат на посебни разговори со нивниот работодавач, туку ја добиваат работата во моментот кога ќе добијат повик од компанијата.
Инаку, компанијата Mamaloes се занимава со продажба на предмети за деца преку интернет.
Започнавме со вработување на луѓе без да поставување прашања и тоа го нарекуваме отворено вработување, вели извршниот директор на Mamaloes, Лус де Волдер.
Тој вели дека одлуката за вработување на еден кандидат не се носи врз основа на проценка на искуството на кандидатот или на некој друг критериум.
Доволно е кандидатите да кажат дека можат да ја завршат работата. Потоа компанијата им дава шанса да се покажат на дело, објаснува де Волдер.
Де Волдер додава и дека вработените започнуваат со минимална плата, но постои простор за напредок со текот на времето.