Финансискиот директор на германскиот автомобилски гигант БМВ, Николас Питер, сака да укине од 5.000 до 6.000 работни места до 2022 година.
Според информациите кои ги објави германскиот магазин “Менаџер“, воглавно станува збор за работни места во седиштето на компанијата во Минхен.
Истоименото списание тврди и дека Илка Хорстмејер е фаворит за позицијата шеф на одделот за човечки ресурси во БМВ, додека пак, Милан Недељковиќ се очекува да ја преземе водечката улога во секторот за производство.
Инаку, од БМВ одбија да ги коментираат овие информации, а во моментов компанијата се наоѓа среде процес на реорганизација на топ менаџментот.
Во август годинава, Оливер Зипсе го замени Харалд Кругер на позицијата извршен директор оставајќи ја функцијата директор на производство празна.
Од групацијата објавија дека Милагрос Каиња Кареиро-Андре, членка на Управниот одбор задолжен за човечки ресурси, нема да бара нов мандат.