Одлична можност да бидете дел од големото семејство на Asseco SEE!
Asseco SEE Group (ASEE Group) е една од најголемите компании во Југоисточна Европа во однос на приходите добиени од продажба на софтвер и услуги. Тоа е резултат на интеграцијата на искуството, знаењето, развојот и продажбата на сопствени решенија.
Групацијата Asseco SEE котира на берзата во Варшава, основана во април 2007 година, со повеќе од 2300 посветени вработени, работи во 19 држави и активно продава на други пазари. Asseco SEE и Payten како составни делови на групацијата опфаќаат пазар со големина од 326 милиони луѓе и 10 јазици.
Денес АСЕЕ Групацијата работи главно во следниве сегменти:
- Софтверски решенија и услуги за банкарство, вклучително и решенија на omnichannel, интегрирани Core Banking системи базирани на платформите Oracle и Microsoft, како и безбедносни решенија за автентикација, системи за известување согласно банкарската регулатива, како и системи за управување со ризик
- Решенија и услуги за системска интеграција во сегментот на финансиските институции , индустристријата, телекомуникаците , јавната администрација со следниве деловни линии: развој на ИТ инфраструктура, имплементација и поддршка, обезбедување континуитет на деловните процеси, автоматизација на работењето и развој на софтвер
- Платежни решенија за финансиски и не-финансики институции, влучувајќи eCommerce, mPayments, како и услуги поврзани со ATM and POS
Посетете го штандот на Asseco SEE и станете дел од меѓународното семејство!