Глобалниот лидер во автомобилската индустрија ве очекува!
Компанијата Кромберг и Шуберт има интересна бизнис-приказна со успешен развој на производи преку уникатна посветеност која опфаќа повеќе од 110 години од нејзиното основање до ден денес.
Денес Кромберг и Шуберт успешно функционира и е глобален лидер во автомобилската индустрија со фабрики во над 36 локации и над 50.000 вработени. Пионерскиот дух и иновативното претприемништво на компанијата се одразуваат со континуирана експанзија и нејзина глобализација.
Клучот за успехот е културата на компанијата. Ентузијазмот и мотивацијата за формирање на креативни решенија се клучни за интердисциплинарните тимови кои својата енергија ја насочуваат во распознавање на трендови во рана фаза и задоволување на индивидуалните барања на клиентите. За квалитетот и супериорноста на компанијата кажува фактот што компанијата во 2014 година доби награда од групацијата Фолксваген за најголем придонес во автомобилската индустрија преку изнаоѓањето на иновативни решенија за развој и производство на комплексни автомобилски електрични системи.
Компанијата има повеќе од 6000 вработени во Република Македонија и претставува моментално најголемиот работодавач во земјата.
Прашајте се што ве интересира преку онлајн четот на нивниот штанд.