Пиперката од сортата „Чарапита“ која потекнува од северниот дел на Перу е многу скапа и ја има само во луксузни ресторани. За да вирее потребна е тропска клима и затоа многумина кои се обиделе да ја произведуваат не успеале.
Се карактеризира со минијатурен изглед и интензивен лут вкус. Лута е и цената од 23.000 евра е за еден килограм, па затоа може да се најде на менито на најлуксузните ресторани.