Запомнете, промените почнуваат од нас самите!
„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат секој четврток и обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Коментарите за совети, можете да ги пишувате на: www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој
Во денешно време, потребно е да се има проферсионалност во извршувањето на работните задачи и односот со колегите. Но за успешна реализација на целите и предизвиците во работната средина недостасува уште една силна карактеристика.
Да бидете во средина во која сте задоволни од колегијалноста во компанијата е прав луксуз. Тој „луксуз” истражувањата покажале дека ја зголемува продуктивноста, ги прави посреќни и поведри соработниците и едноставно е еден чекор понапред од грубата професионалност.
Колегијалноста како и многу други работи се гради помеѓу соработниците, бидејќи сите имаат заедничка цел во работењето и сакаат среќни да доаѓаат на работа. Никој не би сакал да помине осум часа работно време со луѓе кои се негативни, се мрштат, не одговараат на повик и надреден кој постојано ги критикува.
Јас би рекол дека колегијалноста како и љубовта е еден вид „хемија”, но за да дојдеме до таа „хемија” на работното место, можеме да придонесеме на неколку начини:
- Креирање на пријатна колегијална работна средина - ако некој од сорабтониците побара мала помош, бидете при рака и помогнете му, еден ден тоа пријатно ќе ви се врати. Не сме сите експрети во секоја област и секогаш има некој којшто знае повеќе. Помогнете и сослушајте, тимот е секогаш подобар од поединецот во решавање проблеми.
- Почит спрема соработниците - однесувајте се љубезно и со манири, охрабрувајте ги луѓето околу вас да го изразат своето мислење и не ги критикувајте за мали и неважни работи. Пофалете ги за успесите. Едноставно, однесувајте се со другите како што би сакале да се однесуваат со вас!
- Ширете позитивна енергија - поздравете се со колегите кога ќе дојдете на работа, посакајте им убав работен ден и насмејте се, вашата насмевка и позитивна енергија ќе им го разубави денот на другите околу вас.
- Почастете чоколадо - изненадете ги колегите, бидејќи не мора да има посебна причина за малку благо и серoтонин, а работната атмосферa тој ден ќе биде одлична.
Запомнете, промените почнуваат од нас самите!