Изненадувачки или не, новите истражувања откриле дека одредени професии носат поголеми ризици од лошо кардиоваскуларно здравје за жените кои ги извршуваат.
Според првичните сознанија на истражувањето, претставени на конференцијата „American Heart Association’s Scientific Sessions 2019“ на Американското здружение за срце во Филаделфија, социјалните работници, медицински сестри и други здравствени работници и касиерки имале посиромашно здравје отколку жените вработени на други работни места.
Студијата опфати 65.000 жени во постменопауза, со просечна возраст од 63 години, но и 20 најчести професии. Според податоците, односот на гореспоменатите професии со други работни места изгледал вака:
Социјалните работнички имале за 36% поголема веројатност да се соочат со кардиоваскуларни проблеми.
Касиерките во малопродажба имале поголема веројатност од 33%.
За медицинските сестри, овој ризик е за 14% поголем од другите професии.
Вработените во други гранки на здравството имале 16% поголема веројатност да развијат проблеми со срцето.
Наспроти тоа, претставниците на продажба и агентите, но и секретарите, имаат најмал ризик од кардиоваскуларни заболувања.