Резидентни смеат да внесат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ до 10.000 евра. Доколку сакате да внесете над 10.000 евра треба при преминот на државната граница кај надлежниот царински орган да го пријават износот што го внесуваат.
Нерезидентите може да внесуваат во Република Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра. Поголем износ може да се внесе само доколку претходно се пријави кај надлежниот царински орган.
Резидентите можат да изнесуваат од Република Македонија ефективни странски пари и чекови до 2.000 евра. Тие смеат да изнесат ефективни странски пари и чекови во противвредност од 2.000 до 10.000 евра, само доколку при преминот на државната граница кај царинските органи го пријават износот.
Ефективните странски пари резидентите ги изнесуваат врз основа на потврда од овластена банка или менувачница за купување на странски ефективни пари или врз основа на потврда од банка за подигање на девизи од сопствена девизна сметка.
Потврдата важи до првото преоѓање на границата, а најдоцна 90 дена од денот на издавањето.