Со измените на Законот за Данок на додадена вредност се укинува сметкопотврдата – документ со кој се правдаат трошоци и се користи правото на одбивка. Соопштувајќи ја новината во предлог-измените што треба да се изгласаат во Собранието, министерката за финансии Нина Ангеловска денеска истакна дека досега се носеле многу олеснителни мерки за да се подобри работата на компаниите, но не и за сметкопотврдите кои се користат уште од времето на поранешна СФРЈ. Во многу развиени земји, па и во регионот, рече таа, овој документ е укинат и веќе не се користи.
- Светот брзо се менува и денес зборуваме за електронско сметководство и бесхартиена околина и мора и нашата администрација да го следи тоа за сè повеќе да им го олеснуваме работењето на компаниите. Со укинувањето на сметкопотврдата, која произлегува од измената на Законот за ДДВ, компаниите и физичките лица ќе може да го остваруваат правото на одбивка со приложување фискална сметка за трошоци направени за плаќање во готово или со картичка до 6.000 денари. Со ова се укинува еден процес за кој не знаеме денес дали и зошто е потребен. Исто така, се ослободуваат ресурси, а многу е важно и заштитата на животната средина затоа што ако ги земеме предвид сметкопотврдите на сите компании, сигурно се работи за многу исечени дрвја за да се продуцира хартијата - рече Ангеловска.
Се укинуваат сметкопотврдите - Правото на одбивка ќе се остварува само со фискална сметка или со картичка
News
-
Друштвото за преработка на кафе и трговија на големо и мало РИО ДООЕЛ вработува!
Друштвото за преработка на кафе и трговија на големо и мало РИО ДООЕЛ Илинден, објавува оглас за следнава работна позиција:
-
Солунското метро започнува со работа по 18 години
По 18 години планирање и изградба, Солунското метро, првото метро во северна Грција, конечно започнува со работа.
-
Босански претприемач ја репродуцирал познатата слика на Ван Гог во пејзаж
Босански претприемач ја репродуцирал познатата слика на Ван Гог во пејзаж
-
РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвора во четири земји, но не во Македонија
Американската компанија Hyatt Hotels Corporation најави дека до 2027 година ќе отвори пет нови хотели и одморалишта Hyatt Regency во Романија, Албанија, Србија и Хрватска.
-
Скопје и утрово на листата на најзагадени градови во светот
Според последните мерења на квалитетот на воздухот во Скопје, рангиран е на петтото место на листата за најзагадени градови во светот. На првата позиција како најзагаден град изби Сараево, додека на деветото место е Приштина.
-
Ќе донесе ли Дедо Мраз поевтини празници оваа година?
Во пресрет на новогодишните празници, Министерството за економија и труд најави воведување на новогодишна потрошувачка кошничка со над 500 производи, со цел да се стабилизираат цените на основните прехранбени артикли и да се спречи нивно зголемување во периодот на зголемена потрошувачка.