Стив Џобс, еден од најбогатите и најсупешните ексцентрици, беше познат по својата работливост и големите очекувања, како од себе така и од тие околу него.
Сите знаеме дека луѓето што денес се успешни некогаш и биле почетници. Сите тие имале пречки на патот, сомнежи во себе и во даден момент се прашале "Дали сево ова вреди?". Тоа е нормално размислување и сосема во ред повремено да имате сомнеж, но таквите мисли никогаш не треба да стојат на патот кон вашиот успех.
Џобс цврсто верувал дека од грешките се учи и дека со неуспехот сте само чекор поблиску до остварувањето на вашата крајна цел. Тој беше категоричен за тоа дека:
Успешните луѓе се луѓето кои постојано пробуваат нови работи. Истите тие луѓе учат од своите достигнувања, но и од неуспешните обиди. На овој начин, тие стануваат помудри и преку својот неуспех собираат искуство и вештини потребни за остварување на крајната цел.
Запомнете: Стравот ви е непријател!