
До крајот на годината останува уште еден продолжен викенд во кој ќе можат да уживаат сите граѓани.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2019 година (недела), односно 9 декември 2019 година (понеделник), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита празникот “Св.Климент Охридски”. Програмата на неработни денови за 2020 година во која не очекуваат 6 продолжени викенди може да ја видите на ЛИНКОТ.