Британската компанија „Geomiq“ ја објави веста за можна соработка со компанија за производство на роботи како дел од проект со кој се бараат мажи и жени кои своето лице ќе го “подарат“ на роботите, за што би добиле 130.000 долари.
Дизајнерите на двете компании велат дека нудат 130.000.000 американски долари за правата за користење на лицето. Секој што сака да учествува може да ги контактира на нивната е-пошта: faces@geomiq.com.
Иако компанијата која дојде до оваа идеја не сака да го открие своето име, сепак тие најавија дека наскоро ќе бидат достапни повеќе информации за јавноста, пренесува Bright Side.
Според вработените во „Geomiq“, на овој проект се работи веќе пет години и добил значителна финансиска поддршка од инвеститорите. Специјален тим ќе ги избере лицата кои ќе бидат на списокот во потесен избор за проектот и потоа ќе ги контактира и ќе им објасни за што точно станува збор за проектот.