Досега е исплатен поврат кај 16 600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата МојДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи.
Во првиот квартал од МојДДВ скенирани се 22,670,713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11,423,978,620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1,241,434,628 денари. Повратот од 15% од платениот ДДВ е во висина од 186,215,194 денари.
Со подетални информации Управата за јавни приходи ќе излезе по заокружувањето на целата исплата кај сите корисници на МојДДВ коишто ги исполниле условите за поврат на 15% од ДДВ.