Во текот на изминатиoт ден (15.05), на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и девет лица се здобиле со лесни телесни повреди. 87 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 16 возачи, бидејќи осуммина го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица го управувале возилото под дејство на алкохол и четворица биле возачи почетници. 21 возило се исклучени од сообраќај бидејќи 13 биле нерегистрирани, шест технички неисправни и две со претовар. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, петмина неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и седум не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците, санкционирани се 17 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и 33 кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози, додека, исто така, 68 возила се подигнати со "Пајак".
Внимавајте Полицијата казнува !Вчера санкционирани 50 пешаци!
Aktualno
-
Грција најавува апликација за родителски надзор над мобилните телефони на нивните деца
Грција објави планови за воведување апликација која треба да го подобри надзорот на родителите над мобилните телефони на нивните деца, преку дигитална проверка на староста и контроли за пребарување на интернет.
-
Светската популација се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во текот на 2024 година
Светската популација се зголеми за повеќе од 71 милион луѓе во 2024 година и ќе достигне 8.09 милијарди на крајот на годината, според проценката објавена денеска од Бирото за попис на САД.
-
Препораки од ИЈЗ за намалување на здравствените ризици за време на празниците
Од ИЈЗ велат дека повредите поврзани со употребата на пиротехнички материјали се тешки, претворајќи ги многу прослави и весели моменти во несреќи
-
Почнува зимскиот распуст, учениците се враќаат во клупа на 20 јануaри
За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.
-
Скопје 2024 ја испраќа како топ 10 најзагаден град во светот
Македонската престолнина на последниот ден од 2024 година се најде во топ 10 најзагадени градови во светот.
-
Традиции за првиот ден од годината: Што значи 1 јануари за Македонците?
Првиот ден од јануари е повеќе од само почеток на календарската година – тој е симбол на нови надежи, нови почетоци и моменти на семејна топлина. Во Македонија, 1 јануари се слави со уникатни обичаи кои го спојуваат минатото и сегашноста.