Од ССМ бараат тие да бидат најмногу до една година, а од организацијата на работодавачи сметаат дека истите треба да траат до три години.
Рокот од 5 години кај договорите за вработување на определено време ќе се намалува. Но на колку синдикатот и работодавачите се’ уште не можат да се договорат.
Од организацијата на работодавачи се сложуваат дека 5 години договор на определено е многу, но да бидат една година како што бара синдикатот е малку и ќе биде проблем особено за помалите фирми.
Работодавачите и синидкатот со различни ставови и околу работната недела и породилното отсуство. Од ССМ сметаат дека наместо 40, работната недела треба да трае 38 часа, а породолното да биде 12 месеци. Работодавачите пак тврдат - овие ставки во законот не треба да се менуваат.
Од синдикатот посочија дека најголем број на поплаки од работници има од оние сектори каде нема синдикати. Препорачуваат и странските компании да формираат синдикални организации.
Последен пат закон за работни односи е донесен во 2005 година.
Извор: Сител