Управата за јавни приходи објави најнова Листа на должници бр.01/2020 за долгови до 30.09.2019 и неплатени до 31.12.2019 година. На листата се наоѓаат 1.995 правни лица и 2.515 физички лица.
Вкупниот долг на листата изнесува 10.006.432.444 денари, а на неа се наоѓаат и неколку претпријатија во државна сопственост. Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти должи 51 милиони денари, Јавното комунално претпријатие од Градско должи 3 милиони денари и Јавното претпријатие од Миравци должи 2,5 милиони денари.
Целосната листа на должници можете да ја видите ТУКА.