Американската држава Њујорк им забрани на работодавците да бараат од кандидатите историја на плата
Од 6 јануари 2020 година, на работодавците во сојузната американска држава Њујорк им е забрането да се распрашуваат за претходната плата на апликантите.
Забраната беше преточена во Закон со потписот од страна на Гувернерот на Њујорк, Ендру Кумо, уште на 10 јули 2019 година, но стапи на сила во понеделник на 6 јануари 2020 година.
Законот важи за сите јавни и приватни работодавци во државата Њујорк и се однесува на сите вработени кои бараат работа на полно или скратено работно време, како и вработените кои бараат привремено или сезонско вработување кај работодавачот.
Законот не се однесува само на независни соработници, хонорарни работници и други договорни работници, освен ако истите не се вработени преку агенција за вработување.