ASICS е еден од најпопуларните брендови на атлетски обувки и спортска опрема во светот. Иако навидум изгледа како „уште една светска компанија за спортска опрема“, зад брендот ASICS се крие многу повеќе од тоа.
ASICS е компанија која е фокусирана на технологијата, не само во производството, туку и во начинот на кој е дизајниран секој нов пар патики. Има барем уште 10 работи кои сигурно не сте ги знаеле за ASICS, а кои можеби ќе ве натераат да размислите и да одлучите дали сакате да ги промените вашите патики со нов ASICS модел, создаден токму за вашето стапало!
- Името на брендот ASICS е всушност акроним
ASICS e всушност е акроним на латинската поговорка “Anima Sana In Corpore Sano” (во здраво тело - здрав дух). Овој концепт на конекција помеѓу духот и телото не е изум на 21 век. ASICS е бренд со богата историја, а идејата за неговото креирање потекнува од пред 70 години, кога јапонецот Kihachiro Onitsuka почнал да произведува спортски обувки за играње кошарка, во неговата дневна соба во Коби, Јапонија.
- Сегашниот CEO на ASICS America, Gene McCarthy е страствен тркач
Додека многу извршни директори на атлетски компании за чевли и облека имаат тенденција да бидат помалку наклонети кон спортот, а повеќе кон финансиите и бизнисот, McCarthy направил одличен компромис кога станува збор за поврзување на неговиот деловен и личен живот. Тој секое утро трча и не е класичен извршен директор што животот го поминува во деловна облека, што на клиентите на ASICS им влева доверба дека и менаџментот на компанијата на која и ги дале своите пари всушност се поистоветува со убавината, но и проблемите на еден обичен тркач.
3. Компанијата има истражувачки институт со акроним на RISS
RISS, или Research Institute of Sports Science, е отворен во 1990 година во градот Коби – град во кој е основана и компанијата. Ова е местото во кое инвестициите на компанијата во обувки и опрема даваат резултат, благодарение на технолошките иновации што ги развиваат врвни научници и спортисти, спој од врвно знаење и искуство во спортот. Овие истражувања вклучуваат и проучување на движењето на човечкото тело и тестирање на различни материјали за да се стигне до она што е најдобро за клиентот и за следниот модел кој ќе го најдете на полиците на ASICS.
4. Институтот RISS не е „соба полна со технологија и гаџети“
Објектот зафаќа вкупно 45.000 метри квадратни простор, кој располага со посебни сали за кошарка и одбојка, заедно со патека за трчање од 350 метри, дизајнирана за тестирање во сите типови временски услови. Во самиот објект има повеќе од 200 вработени лица. Врвни спортисти кои активно носат ASICS и се заштитни лица на брендот ширум светот, барем еднаш годишно го посетуваат институтот за да ги видат најновите истражувања и да дадат свој придонес за идните дизајни на патики и облека.
5. ASICS е единствен по својата Motion ID технологија, која го мапира вашето стапало и ви помага да одберете патики „по мерка“
Станува збор за мало парче современа опрема кое може да ви отвори нов свет на знаење за вашите стапала и стил на трчање. Напредниот 3D Foot Mapping System прави детална анализа на вашето стапало со помош на ласерски и микро камери. Резултатот е 3Д скен, кој се испраќа до база на податоци, за од таму да се пронајде идеалниот модел за вашите нозе и стапала. Мерењата направени со овој систем вклучуваат должина и ширина на стапалото, висина на лакот и навалувањето помеѓу петата и врвот на прстите.
Напредниот 3D Foot Mapping System, кој воодушеви врвни спортисти ширум светот, наскоро достапен и во Скопје - целосно бесплатно!
6. Деловната филозофија на компанијата вклучува градење на силна корпоративна култура
ASICS верува дека една од основните за создавање корпоративна култура се луѓето – вработените кои се срцето на бизнисот. Успехот на еден бизнис зависи од луѓето, без оглед дали тоа е некој кој ги поздравува посетителите и клиентите од влезната врата, или станува збор за извршен директор на високо ниво. Да се има култура со низа контрастни вештини и личности е начин да се зацементира културата. На тој начин, кога ќе дојдат „тешки времиња“, кои често доаѓаат, компанијата останува силна и еластична.
7. Компанијата има EthicsPoint телефонска линија за вработените
Додека многу компании зборуваат за отворена деловна култура, ASICS всушност делува и го применува тоа. EthicsPoint е посебен бизнис ангажиран од ASICS како точка за известување која можат да ја користат вработените кои сакаат да останат анонимни при пријавување неетичко, небезбедно или нелегално работење што се одвива зад затворените врати на компанијата. Достапно е 24/7 и може да се користи преку телефон или преку Интернет.
Неколку корисни совети за оние кои се заинтересирани за работа во ASICS
За време на интервјуто, вашиот фокус треба да биде на тоа како можете да и помогнете на компанијата, едноставно користејќи ги вашите вештини и таленти. Не мора да бидете врвен спортист или познавач на спортот за да му се допаднете на интервјуерот. Фокусирајте се на она што може да го направите за да дадете придонес со кој ќе ја направите компанијата поуспешна, како и она што за вас е личен успех.
Во моментов ASICS има потреба од нови членови на својот тим - бараме ЛИЦЕ ЗА ПРОДАЖБА и STORE MANAGAER