Од 22 до 29 јануари MojPosao организира онлајн саем за вработување во туризмот на кој ве очекуваат преку 180 огласи за работа во Хрватска!
На веб страната sezonac.hr во моментов се случува најголемиот виртуелен саем на кој четириесетина компании од Хрватска бараат вработени за претстојната сезона. Саемот е отворен 24 часа на ден, а до истиот може да пристапите преку вашиот компјутер, телефон или таблет.
Понуди за работа од келнери до програми за хотелски менаџери
Во следните неколку дена повеќе од 180 огласи ги очекуваат тие што се заинтересирани за незаборавна работа во прекрасната Хрватска. На саемот може да пронајдете понуди за постојано или сезонско вработување во хотели, ресторани, туристички агенции, трговија, производство и други дејности.
На саемот учествуваат звучни имиња на компании, како што се: Le Meridien Lav, Jamnica, Tommy, Radisson Split, Lidl, Maistra, Liburnia Riviera Hoteli, Bluesun Hoteli, Zaton Holiday Resort, Hotel Katarina, Mlinar, Laguna Novigrad, Hoteli Cavtat, Pine Beach Pakoštane, Kaufland, Zagrebačka pivovara, Ribola, Svpetrvs Hoteli, Restoran 360, Dukat, Studenac, Dubrovački zalasci sunca, Restoran Giaxa, Cresanka, Lošinjska plovidba – turizam, Hoteli Njivice, Peronaldienst, Roan Camping Holidays, Metro, Lush, Adriatic.hr, Europcar, Hotel Mirari, Pastura, Coca-Cola, Jadranka turizam, Konzum, TUI Blue и Tisak.
Понудите за работа се поделени во четири категории: “Рецепција, домаќинство и администрација“, Храна и пијалоци, спа, анимација и забава“, “Одржување, безбедност и производство“ и “Продажба, складирање и логистика“.
Голем број од огласите се однесуваат на позиции како келнери, готвачи, аниматори, помошен персонал во кујна, возачи, магацински работници и асистенти во продавница.
Разновидната понуда за работа важи и за студенти и странски работници
На виртуелните штандови на изложувачите можете да ги најдете сите потребни информации за условите за работа, фотографии од работното опкружување, искуства на вработени, можности за едукација и други релевантни информации.
Посебна карактеристика на саемот е опцијата за онлајн чет која на сите заинтересирани работобаратели им овозможува да разговараат директно со посакуваниот работодавач.
Целосната понуда со огласи, погледнете ја овде.