"Ние не сме различни во тоа ШТО го правиме, но се разликуваме според начинот КАКО го правиме тоа"
КОЛА е име со традиција кое уште од самиот почеток како единствена мерка за успех го има избрано квалитетот. Почетоците на компанијата се во 1992 година како мала фамилијарна фирма со визија која била јасна уште од тогаш – КОЛА да стане најдобра дистрибутерска куќа во регионот. Команијата успеа да ја реализира оваа визија! За навремената достава е задолжена компанија КОЛА ЛОГИСТИКА, а своето долгогодишно искуство КОЛА го пренесе и на компанијата ТОТАЛ ПЛУС ЛОГИСТИК, која од 2010 година самостојно функционира во истата дејност.
Денес, КОЛА е водечка компанија со над 240 вработени, а располагајќи со 39 товарни возила, од кои 18 комбиња и 21 камион важи за лидер во воведувањето на светските новитети.
Зошто КОЛА е идеалното место за градење на вашата кариера?
Едноставно е. КОЛА е компанија која не се грижи само за развојот на бизнисот, туку и за развојот на своите човечки потенцијали. Компанијата е совршено место каде можете да ги изразите своите способности, постојано да се едуцирате и надоградувате, а вашиот потенцијал нема да биде незабележан. Без оглед на вашата работна позиција, КОЛА ќе ви овозможи едно унакатно работно искуство каде ќе бидете предизвикани да ја покажете вашата иновативност и одговорност на вистински работни задачи.
Што имаат да кажат вработените во КОЛА?
КОЛА е свесна дека не постои успешна компанија без успешни вработени. Токму затоа компанијата негува култура на отвореност, континуирано учење и споделување на знаење која им овозможува на вработените да се пронајдат себеси во различните домени на работа.
За Марина Лозанова која работи како Key Account Developer во компанијата, КОЛА претставува успешна компанија која ги вреднува и почитува своите вработени, овозможувајќи им можност за напредок во кариерата. Така на пример, во КОЛА, Марина научила како изгледа вистинската колегијална и тимска работа во пријатно работно опкружување.
Од друга страна, Горан Јовановски како вработен на позицијата Контролинг менаџер во КОЛА открива дека во КОЛА научил дека вложениот труд не останува непрепознаен, туку истиот е адекватно награден. Како најзначајни, Горан ги издвојува дополнителните едукации, работилници, тренинзи и обуки кои им помагаат на вработените да се усовршат на професионален план, со што подоцна би дале уште подобри резултати во работата. Секако, унапредувањата на работните позиции се значаен дел од целиот тој процес
Сакате да станете дел од тимот на КОЛА и ве интересира како изгледа процесот на вработување?
Во првичната фаза се дефинираат потребите за нови вработувања и согласно описот на работната позиција се креира оглас за вработување каде јасно се истакнати условите за работа и потребните квалификации и вештини. Објавениот оглас е јасен и достапен до сите. Потоа, врз основа на испратените и доставените кратки биографии се врши прелиминарна селекција по однапред дефинираните услови за работа и се повикуваат селектираните кандидати на прво интервју. Првото интервју е бихејвиорално каде се комуницираат очекувања од страна на канидадот за работните обврски кои ги носи работната позиција со цел да се утврди колку кандидатот би се вклопил меѓудругото во вредностите на компанијата.
Понатаму, оние кандидати кои го поминуваат првиот круг по однапред утврдените критериуми за работа, преминуваат во втор круг на интервјуа. Во вториот круг на интервјуа, целиот процес се одвива временски подолго и истиот се базира на Модел на компетенции и технички вештини. Што значи тоа? За време на интервјуто транспарентно се истражуваат конкретни компетенции по методата S(situational) B(behavior) O(outcome) и технички вештини за отворената работна позиција.
Во завршната фаза, се контактира избраниот кандидат со понуда за вработување. Кандидатите кои биле дел од процесот добиваат известување кој кандидат е избран. Известувањето на неизбраните кандидати е проследено со прашалник за „Candidate experience“ кој и помага на компанијата да воочи како, кандидатите кои биле повикани на интервју, се пречекани во КОЛА и како се чувствувале за време на процесот на интервјуирање.
Пријавете се и искусете го горенаведеното!
Доколку сакате да дознаете повеќе за КОЛА и новоотворените работни позиции следете го профилот на компанијата
Следи ја компанијата