Родителите на децата кои одат во градинка и на оние кои имаат до 10 години и одат на училиште не треба да паничат поради прекин на работата на градинките и основните училишта.
Министерот Венко Филипче изјави дека еден родител на дете до 10 годишна возраст ќе му биде дозволено да отсуствува од работа и истото ќе му биде целосно платено во период од 14 дена.
Филипче апелираше да се почитува мирувањето и седењето дома и да не се претвори ова во едно масовно посетување на игротеки како што беше случајот со епидемијата на морбили.
Тој предупреди дека ова важи за државните и приватните институции, а доколку некој не го почитува ова следува казна согласно членот 205 и 206 од кривичниот законик!