Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.03/2020 за долгови доспеани до 30.11.2019 и неплатени до 29.02.2020 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.03/2020 објавени се 1765 должници – правни лица (помалку за 306 од претходната листа) и 2321 физички лица (помалку за 208 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2020 изнесува 8.976.624.312 денари, помалку за 1.218.924.448 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.791.372.146 денари (помалку за 1.218.924.448 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 185.252.166 денари (без промени од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете ТУКА.