Основното правило е контактот со други лица да се сведе на најмала можна мера. Но, доколку мора да патувате, заштитете се. „Во најдобар случај, не одете никаде. Доколку мора да отидете, направете го тоа сами – не го делете автомобилот со други. Доколку тоа е неизбежно, осигурајте се дека лицето нема акутни симпоми на респираторна болест. Користете респираторна или барем заштитна маска. Запишете ги податоците за контакт со останатите патници, за да ги контактирате доколку тестирањето покаже дека сте инфицирани,“ советува Јана Пармова, главна лекарка во Skoda, нагласувајќи ги основните правила што сите треба да ги следиме.
Важно е да се има на ум, дека автомобилот иако претставува своевидна мобилна изолирана единица, што овозможува контактот со останатите да се сведе на минимум при основните обврски, како набавка на храна, лекови или други производи, патувањето со автомобил не е без ризици.
Дезинфекција
Доколку не можете да избегнете контакт со останатите и го користите автомобилот, внимавајте особено на хигиенските мерки за заштита. „Пред и по возењето, дезинфицирајте ги сите површини што ги допирате, особено доколку возите и други лица или префлувате познајник или пријател,“ кажува докторка Пармова.Ова чистење треба да се сфати сериозно: Секој ќе ги дезинфицира воланот, рачката на менувачот, паркирната сопирачка, рачките на вратите, радиото и инфо-забавниот систем. Меѓутоа, не смее да се заборават ниту рачките на воланот (за трепкачи и бришачи), потпирачите за рака, командите за местење на седиштата, рамката на вратите и надворешните рачки, како и рачката на капакот на багажникот. Овие правила се уште поважни за такси-возачите и за останатите возачи што превезуваат патници.
Што да се користи за дезинфекција на возилото?
Организацијата Consumer Reports, на пример, советува да се користат средствата што обично се користат и во домот. Алкохолен раствор со најмалку 70-процентна концентрација е делотворен против вирусот корона. Изопропил алкохол е добар за големите површини во возилото. Тоа воедно го користат производителите на автомобили и нивните договорни партнери, за дезинфекција на деловите. Consumer Reports препорачува алкохол да се користи и за облотите на седиштата и останатите меки површини во возилото. Но, внимавајте да не ги натопите премногу.
Алкохолот нема да ја оштети кожата или вештачката кожа, освен ако тој се користи пречесто и прегрубо. Во тој случај е можно да избледи бојата на материјалот. Внимавајте седиштата и останатите кожени површини да не ги триете пресилно. По чистењето, кожата сепак треба да се премачка со производи за заштита на кожата.
Не користете хидроген пероксид, на пример, затоа што тој ќе ги оштети површините во возилото. Исто така, на дисплеите што реагираат на допир не користете средства за чистење што содржат амонијак. Крпи од микрофибер се најдобри за чистење на сите површини и за сите методи на чистење.
Резервоарот наполнете го целосно, за подолго време да не мора да посетувате станица за гориво повторно. Пред да седнете, дезинифицирајте ги дланките. Најдобро е во џебот на вратата да имате средство за чистење.
Некои од овие мери може да изгледаат драстични и претерани, но внимавањето и грижата се од суштинско значење. Колку повеќе се почитуваат овие мерки, толку се смалува опасноста од ширење на инфекцијата и животот побрзо ќе се врати во нормала. Затоа, бидете грижливи, намалете го контактот со други лица и патувањето со автомобил на минимум и не заборавајте дланките да ги измиете целосно и потоа да ги дезинфицирате.