Рускиот претседател Владимир Путин засега не планира да работи од дома, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, по повод состојбата со Ковид-19.
Не е планирана работа од дома за претседателот. Барем засега. Неговиот распоред за работа е рутински,рече Песков.
Досега во Русија се регистрирани 367 заразени со вирус „Ковид-19“ и еден смртен случај.