Милијардерот Ричард Бренсон од свој џеп ќе плати 250 милиони долари за да обезбеди сигурна иднина на преку 70.000 вработени!
Ричард Бренсон, милијардер и основач на Virgin Group, објави дека подготвил пакет за спасување вреден 250 милиони долари за да ја заштити иднината на совите 70.000 вработени.
Бренсон, чие богатство се проценува на 3.5 милијарди долари, вели дека парите се наменети за “спас на работни места“, а сумата од 250 милиони долари е веројатно само почеток, опишувајќи ја пандемијата како најсериозна криза што светот некогаш ја доживеал.
Овој потег следува откако Бренсон и неговата авиокомпанија Virgin Atlantic беа критикувани минатата недела за нивниот одговор на пандемијата, поради најавите дека од персоналот било побарано да земе неплатено отсуство од осум недели.
На Бренсон му требаше малку време да ги стави мислите на хартија опишувајќи ги претстојните месеци како “масовна битка за преживување и спасување на работни места“.
Обезбедивме четвртина милијарда долари во текот на следните недели и месеци за да ги заштитиме и осигураме работните места – тоа е веројатно само почеток, вели тој.
Сеќавајќи се на деновите по терористичкиот напад на 11 септември кога сите авиокомпании донесоа исклучително тешки одлуки и прогласат технолошки вишок за да го сочуваат бизнисот, Бренсон вели дека неговите компании прават се што можат за да не дојде до повторување на таквата ситуација.
Тој порача и дека одлуката за контроверзниот неплатен одмор потекнува од самите вработени како би се смалиле финансиските тешкотии за сите, да се обезбеди идниот опстанок на авиокомпанијата и да се заштитат работните места на вработените.
Доказ за тоа е и фактот што голем број од персоналот на Virgin Atlantic останаа поддржувачи на самата компанија. Еден од вработените напиша на Интернет “ние ќе сториме се што е во наша моќ за да и помогнеме на нашата компанија да преживее“.
Да ти мерак да работиш за ваков човек!
#ВоВонреднаОДГОВОРНИ