За среќа, во овие за сите тешки моменти имаме и многу позитивни примери, од големи и мали компании и од големи луѓе!
Деновиве некако се навикнавме да читаме лоши вести, да чекаме во страв и неизвесност нова прес конференција од надлежните, ново соопштение, нова бројка заболени, нова одлука...
За среќа, во овие за сите тешки моменти имаме и многу позитивни примери, од големи и мали компании и од големи луѓе!
Секоја чест за компаниите кои покрај сите потешкотии што ќе им ги донесе оваа криза бараат начин да помогнат и да бидат општествено одговорни, сега кога тоа најпотребно.
Секоја чест и за луѓето, кои времето дома го трошат продуктивно и имаат одлични идеи, како да се помогне во оваа вонредна ситуација.
Еден такој пример е и иницијативата на една кумановка, која на Facebook предложи одлично решение за спас на малите маалски дуќанчиња, посебно во помалите градови, каде што поголемите маркети не вршат достава.
Иницијативата има за цел да поттикне почесто купување од ваквите продавници, за да им помогнеме да излезат од кризата.
„Најлесно ни е да отидеме во маркет и да купиме се одеднаш, но што им останува на малите маалски продавници, да не дозволиме да пропаднат “- вели таа.
Нејзиниот предлог е секоја продавница да објави цени на своите производи и да обезбеди достава до дома, за да може секој да има пристап до нивните производи.
Се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде поддржана и реализирана. Затоа што во овие моменти е најбитно да си помогнеме и да останеме #воВонреднаОДГОВОРНИ!
Ви го пренесуваме нејзиниот пост во целост: