Како превентивна мерка за заштита од корона вирусот општина Дојран поднесе до Владата барање да биде донесена одлука за забрана за престој на домашни и странски лица.
Ваквата одлука е донесена од страна на општинскиот Совет по препорака на локалниот совет за превенција и општинскиот штаб за заштита и спасување.
Најголемата причина за ваквата одлука е големата бројка на луѓе кои доаѓаат во своите приватни резиденции за време на викендите.
Општина Дојран периодов донесе и други мерки кои се однесуваат на превенцијата од ширење на корона вирусот. Мерките се со цел да се ограничи движењето на жителите, па поради тоа беа затворени сите детски и рекреативни игралишта како и спортски терени.
Се предвидува оваа мерка да важи за време на прогласената вонредна состојба во државата.
Растењето на заболените од корона вирусот предизвика затварање на границите на државата, аеродромите, како и воведување на полициски час за сите граѓани кој се однесува на периодот од 21:00 до 05:00 часот наредниот ден.
За лицата кои се на возраст над 67 години забраната за движење се однесува во периодот од 11:00 до 05:00 часот наредниот ден, а за лицата на возраст до 18 години од 21:00 до 12:00 часот наредниот ден. За време на викенди забраната за движење се однесува од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Забраната за движење на возила од јавен превоз на територијата на државата е во период од 21:00 до 05:00 часот наредниот ден.
Поради предвидувањата за нагло зголемување на бројот на заразени со вирусот Ковид-19, слични мерки беа донесени и во Србија.
Мерките се однесуваа на затварање на границите, освен за транспротните камиони. Граничните премини за патнички, железнички и речен сообраќај се исто така затворени, а воведена е и целосна забрана за меѓуградски возен и автобуски превоз.
Во Црна Гора пак, патничкиот меѓуградски сообраќај е целосно забранет, а се казнуваат лица кои престојуваат во други општини.
Дали можеби ова е следната мерка што нашата држава ќе је превземе?