Откако првиот тим на Динамо Загреб предводен од својот стручен штаб одби намалување на договорот предложен од раководството на клубот, челниците на хрватскиот прволигаш одлучија да го отпуштат целиот стручен штаб на менаџерот Недан Бјелица.
Нема идила на Максимир. Лидерите на Динамо презедоја потег што сигурно ќе затресе многумина, а особено Ненад Бјелица кој остана без цел стручен штаб.
Откако играчите и стручниот штаб одбија намалување на договорот, во Динами решија да го отпуштат целиот стручен штаб, а поштеден беше само менаџерот Ненад Бјелица. Тој има висок договор и добра заштита и тешко е да се поверува дека и тој не би настрадал, доколку трошокот за тоа не беше толку висок.
Во соопштението на клубот од 26 март се вели дека клубот ги прекинал договороте за соработка на следните членови на првиот тим: Рене Помс, Нино Буле, Силвије Чавлина, Мартин Мајер, Карло Рајнхолц и Јасмин Османовиќ.
Инаку, на сите играчи и раководни лица ќе им бидат намалени платите до 30 септември за третина од месечните примања.