Заштеда на се она што може да се спаси е принципот на голем број хрватски претприемачи и бизнисмени како последица со соочувањето на големата економска криза поради пандемијата со корона вирусот.
Па така, ОПГ (Obiteljskih Poljoprivrednih Gospodarstava) од Славонија одлучи да ги искористи своите ресурси и да ги трансформира традиционалните производи да можат да се искористат во борбата против ширењето на вирусот.
На овој начин, илјадници литри ракија и овошни ликери од ОПГ Џаниќ од Подгорач ќе бидат пре-дестилирани и претворени во Virus Stop. Новиот производ ќе претставува алкохолно средство за раце и работни површини со мирис на портокал. Овој потег е надеж за спас на над 30 работни места.
Немавме друго решение освен да се прилагодиме на ситуацијата, а како што можеме да видиме од тоа за што апелира Националниот кризен штаб и владата на Хрватска, средствата за дезинфекција се на врвот на листата со приоритет кога станува збор за тековните потреби на пазарот. За претстојната летна сезона подготвивме речиси 20.000 литри ракија и ликер, но со оглед на новонастанатата ситуација многу брзо сфативме дека треба да реагираме и да се прилагодиме на новите услови. Како резултат на тоа, решивме да ја дестилираме оваа ракија и да ја направиме средство за дезинфекција, рече сопственикот Горан Џаниќ.
Од магацините во Сплит и Задар се повлечени сите количини на ракија и ликери.
На работа вративме 7-8 лица од производство и сега ќе ја дестилираме оваа ракија, дадава Џаниќ.
-Веќе имаме многу нарачки, но проблемот е во што да морам да им ја наплаќам на купувачите и акцизата што ја наплатува државата за производство на алкохолни пијалоци, иако нема да им продадам пијалоци, туку средства за дезинфекција. Проблемот е во тоа што според сегашната регулатива, алкохолните пијалоци што ги имаме треба да бидат денатурирани, а за тоа ни требаат четири хемиски сусптанции кои во моментов не се на нашиот пазар и прашање е кога ќе бидат. Се обративме и до владата и надлежните министерства да најдат некое итно решение и да овозможат не само на мене, туку и на многу други производители на ракија, да не ни наплаќаат акциза за оној дел од алкохолниот пијалок кој ќе го дестилираме во средство за дезинфекција. Засега нема одговор, но доколку истиот биде позитивен, ние ќе им го вратиме на нашите купувачи она што сме им го наплатиле за акцизата, објаснува Џаниќ.
Проблемот со акцизата во меѓувреме се решил и во саботата Џаниќ изјавил дека државата сепак одлучила да не им наплаќа акциза на производителите на ракија доколку се решат да го дестилираат алкохолот во алкохолно средство за дезинфекција.