Српскиот „Топлички центар за демократија и човекови права“ поднесе кривични пријави против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и против српскиот министер за финансии Синиша Мали поради непостапување по здравствените прописи во време на епидемија, оти не се придржувале кон одредбата за самоизолација по враќањето од Унгарија, во време кога во Србија имало вонредна состојба.
Организацијата наведува дека Вучиќ и Мали на 22 март биле во посета на Унгарија, но по враќањето не биле во самоизолација, што е обврска на сите граѓани на Србија во време на епидемија на новиот корона вирус.
Србија во моментов има 900 заболени и вкупно 23 смртни случаи.