Почитувањето на донесените мерки и како тие функционираат во пракса ги збунуваат работниците за тоа почнуваме на серија одговори на прaшања поврзaни со работничките права за време на вонредна состоба
Обврски на работникот и работодавачот во случај на решение или друг соодветен акт што ја определува самоизолацијата
Работодавецот и работникот се должни целосно да се придржуваат кон донесената одлука или друг соодветен акт на начин пропишан со посебна регулатива. Неисполнување на договорената работа во споменатиот случај не може да биде оправдана причина за раскинување на договорот за вработување, ниту е дозволено на работникот да постапува по упатствата на работодавачот, што би претставувало однесување спротивно на наредбата од споменатата одлука или друг соодветен акт.
За време на траењето на самоизолацијата, работникот има право на исплата на плата во согласност со посебна регулатива. Исклучително, во случај работникот и работодавачот да се согласат да работат од дома во определениот период, работникот има право на плата. Правата, обврските и условите кои зависат од природата на работата дома, се уредуваат меѓу работодавачот и работникот со договорот за вработување