
СООПШТЕНИЕ 01.04.2020
Редовното пријавување на невработените лица на 30 дена односно 6 месеци (вклучувајќи ги и корисниците на паричен надоместок и корисниците на социјална парична помош) е запрено, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата и истото ќе биде оправдано.
Лицата на кои им престанал работниот однос во изминатиов период на важење на мерките, како и оние лица кои првпат треба да се евидентираат како невработени лица, може да се пријават во надлежните Центри за вработување.