Фудбалерите на Барселона се согласија да им се намалат платите во корист на другите вработени во клубот.
На овој начин, сите други вработени ќе добијат целосна плата, нешто што беше под голем знак прашалник поради присилната пауза како резултат на прогласената пандемија.
Покрај фудбалерите, професионалните спортисти од другите спортови кои ги бранат боите на клубот, исто така, прифатија намалување на платите за да им излезат во пресрет на останатите вработени.
Иако ќе добиваме само 70 проценти од нашата плата додека трае вонредната состојба, ние сакаме да придонесеме за останатите вработени во клубот да можат да земат 100 проценти од својата плата, напиша Меси на својот профил на Инстаграм.
Инаку Шпанија е трета најпогодена земја од коронавирусот со преку 100.000 заразени и речиси 10 илјади жртви.