Со Уредбата на Законот за туристички дејности која е објавена во Службени весник се регулира начинот на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за откажаните туристички аранжмани за време на траење на вонредната состојба.
Со Уредбата на Законот за туристички дејности која е објавена во Службени весник се регулира начинот на издавање на ваучери од страна на туристичките агенции за откажаните туристички аранжмани за време на траење на вонредната состојба.
Согласно член 2 од Уредбата, туристичките агенции кои ги имаат откажано своите аранжмани за време на траење на вонредната состојба се должни да издадат нов ваучер на корисникот на ваучерот за туристичкиот аранжман. Ваучерите ќе се издаваат во три примероци со рок на важење до 31.12.2021 година.
Начинот на издавање на Ваучер од член 2 на оваа уредба со законска сила ќе се реализира во согласност со двете страни, односно туристичката агенција и корисникот на ваучерот кои ќе се договорат за: дестинацијата, терминот на поаѓање, времетраењето на аранжманот. Вредноста на ваучерот ќе биде во ист износ колку што бил аранжманот кој е откажан поради вонредната состојба.
Туристичките агенции пред да донесат одлука за престанок на вршење на дејноста, три месеци од денот на престанок на траење на вонредната состојба се обврзани да ги уплатат средствата за аранжманот на корисникот на ваучерот.
На туристичките агенции кои нема да постапат согласно оваа уредба со законска сила, ќе им се изрече:
- Глоба во износ од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок на правното лице, микро трговец.
- Глоба во износ од 2.000 до 5.000 евра во денарска противвредност на правното лице, кое е мал трговец.
- Глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра во денарска противвредност на правното лице, кое е среден трговец.
- Глоба во износ од 8.000 до 10.000 евра во денарска противвредност на правното лице, кое е голем трговец.
- Глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече и на одговорното лице во правното лице.
За прекршоците прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува надлежен суд.