Кога се појавува глобална криза, луѓето природно бараат одговори што можат да им објаснат зошто се нашле во тековната состојба? Кој им го стори тоа? Зошто? Како може еден вирус да убие толку многу луѓе во 2020 година, а половина од светот да е немоќен? Дали е ова навистина само дел од еден поголем "план на заговор"?
Во продолжение што се се зборува и кави се „теории на заговор„ се пишуваат деновие
Дали Кинезите “им го сместија„ на Американците и ја прогласија Третата светска војна? Каде се Русите во таа приказна? Дали со вирусот сакаат да ги истребат старите и немоќните? Сепак, тоа е исто така начин на природна селекција. Дали фармацевтските компании сакаат да заработат пари со продажба на вакцини уште еднаш? Дали сакаат да нè контролираат? Каква врска има мрежата 5G со короната?
Пред цели 40 години овој вирус е опишан во Роман:
Вухан 400 е совршено оружје. Ги напаѓа само луѓето. Околу 2020 година ќе с епојави злобна болест што ги напаѓа белите дробови ќе се рашири низ целата планета. Вирусот ќе го нападне респираторниот систем и биде отпорен на сите познати третмани.Ова се делови од романот на американскиот писател Дин Конц од 1981 година. Сепак, во неговата приказна, вирусот што се шири има стапка на смртност од 100 проценти. Но, неговото име, Вухан 400, приказна за развојот на совршеното био оружје донесено од Кина во Америка, е навистина приказна која држи вода.
Кинезите ги обвинуваат Американците и обратно
Прво, Кинезите ги обвинија Американците дека донеле вирус со своите војници, но кога епидемијата стигнала до Америка, одеднаш не е јасно зошто САД би ги нападнале своите граѓани?
"Јас цело време зборувам за кинескиот вирус и го мислам тоа. Тој потекнува од таму. Воопшто не е расистички. Тоа доаѓа од Кина. Сакам да бидам прецизен", рече американскиот претседател Доналд Трамп.
Постојат и другу теории
СОВИД-19 не е само хибридно американско оружје за борба против Русија и Кина, туку е и дел од поголем проект за масовно умирање на старото населението во Европа. Пандемијата всушност се користи за економски интереси - економиите ќе пропаднат.
Деновиве актуелна е темата со 5G
Се зборува и за вакцините; сето ова е од фармацевтските интереси се коментира на социјалните мрежи. Покрај вакцината, светот може да се контролира и преку мрежата 5G, тоа стана клучен збор и во приказната на теоретичарите бидејќи некои веруваат дека мрежата го ослабува имунитетот.
„5 G ги труе клетките со фантастична електромагнетна моќ. И откако ќелиите ќе бидат отруени, тие лачат егзозоми. А всушност се е тоа преименувано во вирус наречен СОВИД-19“, изјавил британскиот публицист Дејвид Ике.
"Коронавирусот припаѓа на групата на обични настинки. Ако некогаш сте ја прочитале литература за био оружје, јасно е наведено дека најдобриот начин е да имате еден вид вирус на настинка кој делува како носител на био оружјето", изјавил американскиот лидер и теоретичар Алекс Џонс
Има теории и за тоа ја убива короната?
Кокаинот ја убива короната, алкохолот ја убива короната, лукот ја убива короната - сето тоа кружи на Интернет. Како и тоа дека вирусот подмолно е пренесуван од домашни миленици - иако досега не се пријавени случаи.
Една теорија е дека се започнало со супа од лилјак, но и оваа теорија „падна во вода“.
Единствената теорија која е потврдена и официјална до сега е дека се започна од пазарот на диви животни во Вухан.