Шест играчи на германскиот прволигаш Волфсбург наместо да седат во карантин решија да му помогнат на персоналот на еден супермаркет во тој германски град.
Несекојдневна случка во еден супермаркет во германскиот град Волфсбург чиј фудбалски тим редовно се натпреварува во германската Бундеслига.
Шест фудбалери на тимот наместо да седат во карантин, беа затекнати како му помагаат на персоналот во надополнување на залихите во маркетот.
Целата иницијатива беше снимена на видео, а објавата беше масовно споделувана на социјалните мрежи.
Во официјалното соопштение на клуб се објасува дека “вонредни ситуации бараат вонредни мерки“ и токму со ова мото Волфсбург ја промовира кампањата “Им заблагодаруваме на нашите секојдневни херои“.
Ова е важна иницијатива за нас затоа што сакаме да им дадеме пример на другите. Поминуваме во многу тежок период и важно е сите ние да бидеме обединети, изјави Јосуха Гилавогуи, фудбалер на Волфсбург.
Покрај Гилавогуи, во иницијативата учествуваа и Штефен, Максимилијан Арнолд, Павао Перван, Ксавер Шлагер и Јаник Герхард.
Клубот гарантира дека играчите ги преземале сите мерки на претпазливост во текот на оваа иницијатива, како што се одржување на безбедно растојание и употреба на нараквици и гел за дезинфекција при полнење на полиците.