Заради зголеменото користење на влажни марамчиња уште еднo предупредување од ЈП Водовод и Канализација.
Вака изгледаат влажни марамчиња извадени од запушена канализација. Влажните марамчиња не се разградуваат и прават големи проблеми во канализационата мрежа во градовите.
Јавното претпријатие упати и апел до сите граѓани да не фрлаат неразградливи материјали во системот како што се влажните марамчиња. Според нив тие можат да направат голем проблем во самата мрежа што може да доведе до поплави.
- Исто така би сакале да нагласиме и наедно да упатиме апел до граѓаните, дека најголем проблем ни создаваат влажните марамчиња што се фрлаат во мрежата и сличните материјали како нив. Тие не се разградливи и притоа доаѓа до затнување на мрежата. Значи неразградливоста на овие материјали е причината поради која треба да се избегнува да се фрлаат во мрежата. Токму затоа и ваков апел до корисниците вметнавме и во самите сметки, во кои се истакна дека влажните марамчиња не треба да се фрлаат во мрежата - изјавија од ЈП „Водовод и канализација“.