Министерството за информатичко општество и администрација, согласно законската обврска го објавуваа Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2019-та година.
Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2019-та година во изнесува 132.900.
Вработените се распределени во 1.324 институции.
Од вкупниот број, 20.169 лица се вработени во МВР, Армијата, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција. Поради безбедносни причини, освен како бројка, во овој извештај нема други детални анализи за овие вработени. Во извештајот има деталната анализа за останатите 112.731 вработени во јавниот сектор.
Од оваа бројка, важно е да се направи разлика при дефинирањето помеѓу органите на државната власт или тоа што реално е јавна администрација и остатокот на јавниот сектор.
Бројот на вработени во органите на државна власт во 2019-та година изнесувал 16.522, наспроти бројката на вработени во јавниот сектор што изнесува 132.900. Тоа значи дека со статус на јавна администрација се само овие 16.522 вработени. Со други зборови ова е централната власт.
Анализата на бројот на вработени во вкупниот јавен сектор по дејности, покажува дека најголем процент се во дејносат образование, односно 32% , здравство 18%, управа 15%.
Во акционерските друштва во целосна државна сопственост, вкупно се вработени 8,800 лица, од кои 8,545 на неопределено време, 83 на определено време и 172 преку агенции за привремени вработувања. Овој број, не влегува во анализите содржани во овој извештај.
Преку агенциите за привремени вработувања во институциите на јавниот сектор, работно ангажирани се вкупно 3.222 лица. Овие лица немаат статус на вработени во јавниот сектор и не влегуваат во анализите содржани во овој извештај.