Познато е дека коронавирусот ги напаѓа белите дробови, така што околу 700 илјади пушачи во нашата земја се прашуваат дали и тие се загрозена категорија во битката со Ковид-19
Пушењето значително ја нарушува одбраната на белите дробови, а коронавирусот потешко се лекува кај болестите поврзани со цигари.
Пулмологот д-р Ика Пешиќ, која е исто така член на комисијата за контрола на тутун на Министерството за здравство во Србија, вели дека белите дробови на сите пушачи кои ги оставиле цигарите до својата 35-та година, се обновуваат во период од 6 до 12 месеци и ги анулираат ефектите од пушењето како лицето никогаш претходно да не пушело.
Од друга страна, кај повозрасните пушачи веројатноста за обновување е многу помала, но во секој случај, таа апелира дека никогаш не е доцна и тие да се откажат од цигарите.
Што се однесува на влијанието на цигарите врз развојот, тежината и исходот на болеста Ковид-19, Кинезите направија пет квалитетни студии кои стигнале до важен заклучок дека е многу важно да се остават цигарите во ова време на коронавирус.
Тоа за многумина не е лесно, но научниците заклучиле дека пушењето влијае на развојот и тежината на болеста.
Од пациентите кои завршиле на вештачка вентилација, над 27 проценти биле пушачи, а помеѓу луѓето кои се излекувале и не развиле толку сериозни симптоми, само 3 проценти биле пушачи.