Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне донесе одлука за новите цени на нафтените деривати, кои ќе почнат да важат од ноќеска на полноќ до наредниот понеделник. Според одлуката, цените на горивата се намалуваат во просек за 2,67% во однос на минатата недела.
Од ноќеска на полноќ цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 денари, па новите цени ќе бидат 48,00, односно 50,00 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 1,00 денар за литар и новата малопродажна цена за литар гориво изнесува 45,00 денари.
Поевтинува и екстралесното масо за домаќинство за 1,50 денари за литар. Од ноќеска на полноќ еден литар ќе се продава по 33,50 денари.