Од почетокот на пандемијата и воведувањето на мерките за претпазливост против ширење на Корона вирусот, огромен дел од луѓето останаа во своите домови. А во домот, очекувано најголем дел се поминува во интеракција со некој од достапните “скринови”, меѓу кои и телевизијата и македонските и странски програми кои периодов доживуваат рекордни бројки на гледаност.
Дека е тоа така, потврдува и мерење на Nielsen за ТВ аудиториумот во Р.М. на популација од 4 годишна возраст нагоре.
Вреден да се забележи е посебно датумот 23.03.2020, кој ќе остане забележан како најгледан ден на телевизијата во Македонија откако се вршат мерења, кога македонската популација во просек поминала рекордно време во гледање на ТВ содржини во живо или на плејбек.
Во однос на тоа “Kој гледа телевизија”, се забележува огромен скок на гледаноста кај помладата популација, која вообичаено претходно не беше најверен гледач на телевизија и таа тенденција сега е изразито присутна кога ќе се направи споредба со март 2019.
Marketing 356