Согласно со Законот за празниците на Република Македонија и програмата на неработни денови за 2020 година, следниот понеделник (13 април) ќе биде неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед.
Потоа следува и православниот Велигден, со тоа што за сите граѓани следува продолжен викенд бидејќи понеделник (20 април) е неработен ден за сите граѓани на РМ, а за припадниците на православната вероисповед неработен е и петок (17) април – Велики Петок.
Следниот неработен ден после Велигден е Денот на трудот – 1 Мај (петок) – и тој е исто така неработен за сите граѓани на Македонија, а тоа значи уште еден продолжен викенд.