„Вонредна состојба е“, „Криза е“, „Ништо не работи“...
Ако овие изговори ги замените со „Сега е вистинското време“, „Ова ќе помине и ќе се отворат многу нови можности“, „Добро е што конечно имам време да научам нешто ново и да си го обновам CV-то“, тогаш сте на вистинскиот пат.
Ова е време во кое ќе се види разликата меѓу оние кои се спремни да се соочат со било кој предивзик и оние кои предизвикот го нарекуваат „проблем“.
Вие бирате на која од овие групи ќе се приклучите.
За среќа, доаѓа времето на овие првите... И тоа многу наскоро.
Факт е дека се соочуваме со пандемија, економијата ќе претрпи сериозни последици, многу фирми нема да се изборат со кризата...
Но, има и такви кои од сето ова ќе излезат посилни, ќе работат со полн капацитет за да го надоместат пропуштеното, а на таквите ќе им бидат потребни нови вработени, полни со елан и ентузијазам за она што следи.
Биографијата е одлична можност да го направите првиот чекор – АКТИВИРАЈ СЕ!
- Сега е вистинскиот момент за акција. Имате доволно време да научите нови вештини, да следите некој он-лајн курс, да учите некој јазик... Секое освежување на вашето CV е добредојдено.
- Ако со години го користите застарениот Word темплејт, дефинитивно е време да го смените форматот на вашата биографија.
- Задолжително креирајте профил или ажурирајте го постоечкиот на Vrabotuvanje.com! Пополнетиот профил ви ја зголемува можноста да дојдете до идеалната работна позиција за вас. Со секоја внесена квалификација и вештина сте поблиску до она што го барате.
Со профилот на Vrabotuvanje.com ќе добиете многу можности и бенефиции:
1. Брзо и лесно направете CV во кое ќе бидат вклучени сите значајни карактеристики кои го опишуваат вашиот профил како личност и професионалец. Најдобриот дел е во тоа што нема да почувствувате никаков напор кога го правите бидејќи ваше е само да одговарате на едноставни прашања од чии одговори на крај произлегува содржината во вашето CV.
2. Ќе добивате известувања за нови огласи во зависност од огласите на кои веќе сте аплицирале. На овој начин секогаш ќе бидете во тек со сите огласи за вработување за кои би биле заинтересирани, без притоа да пропуштите ниту еден од нив.
3. Следете ги омилените компании. Со оваа опција, покрај сите огласи за вработување во вашите омилени компании ќе бидете во тек со сите новости кои ќе ги објави компанијата.