Губење на работното место, страв, неизвесност...Емоции што ги преплавуваат сите оние што ги изгубиле своите работни места како последица на состојбата со корона вирусот. Најважно е да знаете дека не сте сами. Многумина го делат вашиот „товар“. Но, едно треба да знаете: ниту една ситуација не е вечна. Можеби ќе треба некое време и малку губење на нерви, но работа ќе се најде.
Вие сте тие што треба да го направат првиот чекор. Најпрво проверете дали вашито отказ е основан или неоснован. Доколку е основан, во тој случај следен чекор е да се пријавите во Агенцијата за вработување. Со оваа пријава, вие имате одредени права кои ви следуваат како невработено лице.
После пријавата, следи вашиот поактивен дел – потрага по нова работа.
Потрагата по нова работа секогаш почнува од добро подготвена биографија, а ова е совршено време да го „освежите“ вашето CV. Додадете ги вештините што сте ги стекнале додека сте работеле на последното работно место, напишете ги новите квалификации со кои сте се „збогатиле“ и веќе имате биографија со која сте спреми да аплицирате!
Треба да знаете дека е во ред и доколку ви треба помош за овој процес, а ситуацијата е таква што му дозволува на секој да може на некого да му излезе во пресрет.
Секторот регуртација на Vrabotuvanje.com ви излегува во пресрет. Истиот е тука и е подготвен да им помогне на сите оние кои останале без работа периодов. Се што треба да направите е да се јавите на бројот 071 305 939 и да дозволите нашиот тим да ви помогне при креирање на совршено CV кое ќе можете да го искористите веднаш или после кризата.
Постапката е едноставна: Тимот ви поставува прашања за вашите кариерни планови и за тоа што би сакале да работите. Потоа, ја креира вашата биографија.Со вас разговара во однос на тоа какви работни места би можеле да одговараат на вашите желби. И така станувате активни работобаратели на пазарот на труд и ќе ве контактира во прва следна прилика со понуда на слободни работни позиции.
Звучи едноставно, нели?
ОСТАНА БЕЗ РАБОТА? Се започнува од тебе!
Ние сме тука за вас! ЈАВИ СЕ! SOS ТЕЛЕФОН!
071 305 939