Веста за претседателите на најголемите политички партии кај нас, Заев и Мицковски дека биле во контакт со заразен новинар се прошири со брзина на светлината. Нагаѓањата дали се или не се заразени сепак ќе треба да покажат тестовите а за сега тие двајца остануваат во самоизолацијa
А што е со останатите светски познати политичари?
За Британскиот премиер Борис Џонсон пред неколку дена се пренесуваа информациите дека е на интензивна нега и дека е на респиратор. За да подоцна се изјаснат неговите портпароли дека Џонсон е хоспитализиран но дише самостојно. Последната информација е дека се уште е во болница но повеќе не е на интензивна нега.
И Принцот Чарлс е позитивен на корона но е на домашно лечење и нема нови информации за влошување на неговата состојба
Сопругата на Кандаскиот Премиер Тудо е исто позитивна на КОВИД -19 како и сопругата на Шпанскиот премиер
На 2 април стигна и информацијата дека Претседателот на иранскиот Парламент Али Лариџани е позитивен на Ковид-19 а подоцна е потврдено и дека заменик монистерот за здравство на таа земја е позитивен на вирусот.
Советникот за национална безбедност на претседателот на Баразил Аугусто Хелено самиот на твитер напишал дека е позитивен на корона.Подоцна и претседателот Жаир Болсонаро е тестиран и било потврдено дека е позитивен на коронавирусот.
Во Црна Гора се зборува дека тамошниот претседател Мило Ѓукановиќ има Корона Вирус но никој официјално не потвди.
Во Соседна Србија позитивен на корона е синот на претседателот Александар Вучиќ, Данило а пак во Република Српска министерот за евроитеграција во Владата на таа република
По два теста кои беа негативни им беа направени и на претседателот на САД Доналд Трамп како и на Германската канцеларка Ангела Меркел.
а.