Нов Зеланд досега има заразено 1.200 и еден починат, a скоро 300 луѓе се излечени. Според ова е една од најуспешните држави, што не само што ја забави, туку ја “сруши“ короната, а тајната на Нов Зеланд лежи во две решенија што беа спроведени многу брзо – затворање на границите и воведување на карантин.
Карантинот во Нов Зеланд подразбира дека граѓаните го прават само она што е неопходно, можат да шетаат и да возат велосипед, но во нивното соседство, во продавниците се барем еден метар оддалечен едни од други и влегуваат еден по еден, училиштата се затворени, одењето на плажи е забрането, на жителите на Нов Зеланд им беше наложено да не прават ништо што може да ги оптовари службите за итни случаи. Ригорозните мерки воведени од премиерката Џасинда Ардерн покажаа резултати по две недели, пренесува Спутник.
Бројот на нови случаи опаѓа, иако бројот на тестирани случаи е зголемен, а во последните денови има закрепнато повеќе од заразените во рок од 24 часа. Досега почина едно лице, една постара жена која имала други заболувања, а четири се во критична состојба. Сепак, премиерката не се откажува од “цврстата рака“ кога станува збор за борба против коронавирусот, иако можни се помали паузи за време на велигденските празници.
Нејзината намера е Нов Зеланд да спроведе четиринеделен карантин, двапати по 14-дена, пред сериозно да ги намали мерките.
Премиерката која ја викаат “челичната лејди“ иницираше вакви ригорозни мерки, за кои доби поддршка од другите, од опозицијата и самите граѓани.
Можеби сè ќе изгледаше многу поинаку ако премиерката не се врати во нејзината земја од Јужна Кореја додека епидемијата беше во целосна сила во земјата пред еден месец.
Како почна
Ардерн била шокирана затоа што не и била измерена температура на аеродромот во Нов Зеланд, туку само и било укажано да биде во изолација 14 дена. Наскоро следуваше затворање на границите и премиерот Ардерн тогаш предложи четирифазен план за борба против епидемијата, од кои последен беше комплетен карантин.
Сепак, по консултација со експерти и други влијателни личности, вклучително и политичари и бизнисмени, владата воведе општ карантин. Жителите на Нов Зеланд се исплашија од ескалацијата, што веќе се случуваше во Италија и Шпанија, и сите се согласија дека затворањето сигурно ќе дојде порано или подоцна. Затоа, тие решија да ја стават карантин што е можно поскоро за да не се влоши кризата.
Однесувајте се како сите да сте заразени
На граѓаните им било речено дека имаат 48 часа да се подготват, следеше останувањето дома, освен ако не занимаваат со најважните професии како здравство или полиција или мораат да одат до продавница. Исто така им беше дозволена рекреација, но само во близина на куќата и со социјална дистанца.
Неколку часа пред почетокот на општиот карантин, испратена беше СМС порака до сите граѓани со порака “Однесувај се како да имаш Ковид – 19, тоа ќе спаси животи“. Оние што не се придржуваа на мерките, беа протерани од јавноста од страна на полицијата.